Под урнатините на двете згради во Марсеј, јужна Франција, спасувачите пронашле тело на маж, а локалните власти стравуваат дека има уште најмалку осум затрупани луѓе.

Зградите се урнаа вчера при што беа повредени две лица.

Пожарникари дополнително го урнале и остатокот од третата зграда за која се стравуваше дека би можела да се урне.

Јавниот обвинител на Марсеј Гзавије Тарабе изјави дека спасувачките екипи трагаат по осум лица за кои се стравува дека се затрупани под урнатините



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 13:50