Во Германија денеска почнува судењето на поранешен чувар во нацистичкиот концентрационен логор Штутхоф, кој е обвинет за соучесништво во стотина убиства.

Јохан Ребоген (94) е обвинет дека бил чувар во логор во полскиот град Гдањск од јуни 1942 до почетокот на септември 1944 година.

Иако нема конкретни докази кои го поврзуваат Ребоген со одредени злосторства во логорот, Обвинителството тврди дека тој како чувар бил соучесник во убиствата.

Ребоген, поранешен припадник на нацистичката СС единица призна дека бил во Штутхоф, но тврди дека не знаел за убиствата.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 14:01