Американските санкции кон Иран, опишани како најголеми до сега, вклучуваат и танкер што потонал и банка, затворена одамна.

На листата санкции се танкерот „Санчи“ кој потона во јануари откако една недела гореше во близина на брегот на Кина, при што загинаа сите 32 членови на екипажот.

Санкции има и за „Тат банка“, која престана со работа во 2012 година поради недостиг на транспарентност и финансиски обвиненија.

Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џафад Зариф синоќа на Твитер напиша дека повторното воведување на санкции е очајнички потег, додавајќи оти тие ги погодуваат обичните граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 14:01