Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел ја отфрли фаворитската улога која медиумите му ја доделија на неговиот клуб пред вечерашното гостување во Неапол.

– Сите зборуваат дека ПСЖ е фаворит. Не е баш така. Знаеме дека не чека голем предизвик. Наполи има силен тим, дисциплинирано игра и долго се заедно. Во Париз одигравме 2:2, иако можеше да биде поповолно за нас. Ќе видиме како ќе биде овде, изјави Тухел.

Натпреварот Наполи – ПСЖ е во рамките на 4.коло на Лигата на шампионите. Почетокот е закажан за 21 часот.

Два часа претходно во Белград, Црвена звезда го пречекува Ливерпул на првиот дуел од четвртата рунда во елитното натпреварување.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 14:29