Шпанскиот фудбалски шампион Барселона сака да го продолжи договорот со одбранбениот играч Жорди Алба, објавија тамошните медиуми.

Клубот има намера да му понуди на играчот да го продолжи договорот кој му истекува летото 2020 година.

За Алба интерес покажуваат и неколку клубови од англиската Премиер лига.

Во тековната сезона, 29-годишниот фудбалер играше 15 натпревари за Барселона и постигна два гола со седум асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 14:36