Градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски додели донација од елементи за кујна за скромниот дом на лице од социјален ризик од делчевското село Тработивиште. -Животот во социјален ризик на Александар, беше повод за оваа донација, а целта е да се создадат нормални услови за живот во неговиот дом. Со овој чекор и донација која е обезбедена од мои лични средства уште еднаш сакам да покажеме дека никој не е заборавен. Сочувствуваме со нашите сограѓани и бараме начин да се решаваат проблемите, рече Трајковски. Додаде дека ова треба да биде поттик и до останатите поединци и фирми со слични гестови да помогнат и барем малку да внесат топлина во животот на лицата во социјајен ризик. Градоначалникот Трајковски порано донираше и на семејства во социјален ризик во селата Разловци и Вирче.