Три недели по разочарувачките резултати на изборите за регионален Парламент на Баварија, конзервативниот кандидат на Христијанско социјалната унија (ЦСУ) Маркус Зедер е реизбран за премиер на оваа јужна германска провинција.
На денешното тајно гласање на пратениците во Минхен Зедер освои 110 гласа, против гласаа 89 пратеници, а тројца беа воздржани.
На овој начин Зедер останува на премиерската функција, и покрај тоа што ЦСУ, која е клучен сојузник на канцлерката Ангела Меркел, падна за 10 процентни поени на регионалните избори на 14 октомври, со што го загуби апсолутното мнозинство, иако остана најголемата партија.