Сите државни институции во Кувајт денеска не работат поради поројните дождови кои синоќа го погодија емиратот.

– Се прекинува работата на сите министерства и државни институции поради лошите временски услови. Ги повикуваме граѓаните да останат дома, соопшти на Твитер кувајтското Министерство за надворешни работи.

Според метеоролошката служба во Кувајт, минатата ноќ во емиратот паднале 58 милилитри врнежи и брзината на ветрот достигнала 30 метри во секунда. Невремето го парализира автомобилскиот сообраќај во голем број области и поплави станбени згради, но никој не е повреден.

Според државната агенција КУНА, поради лошото време денеска ќе биде затворена и кувајтската берза. Главната управа за цивилно воздухопловство соопшти дека невремето не влијаело врз воздушниот сообраќај и нема откажани или одложени летови.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 14:53