Во градот Веншан во јужната кинеска провинција Јунан, властите забранија прошетки на кучиња во текот на денот и почнаа да ги протеруваат овие миленичиња од парковите, трговските центри, спортските објекти и други јавни места.

Од 29 октомври кучињата може да бидат надвор само навечер, меѓу 22:00 и 7:00 наутро, синџирот да не биде подолг од еден метар, и кучињата мора да бидат под контрола на возрасно лице.

Кина важи за земја со строги правила за кучињата и други миленици. Во Пекинг, на пример, во центарот на градот, од поодамна се забранети поголеми кучиња.

Парковите за кучиња се ретки и честопати е задолжително е да бидат во постојана придружба на сопственикот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 16:38