Градоначалникот на Општина Радовиш, Герасим Конзулов, по повод 6 ноември, Денот на ослободувањето на Радовиш, им предаде дел од новата опрема на радовишките пожарникари во вредност од два милиони и 650.000 денари.

Добиената техничка помош се состои од висококвалитетни изолациони апарати за дишење, мобилни радиоврски, грбни прскалки, електрични и моторни пумпи за црпење вода, млазници и батериски лампи.

Вториот дел од опремата, што се состои од високозаштитни комплет одела, чизми и ракавици се очекува да пристигне во најкус рок во согласност со процедурата за јавна набавка.

Советот на општина Радовиш денес одржа свечена седница по повод 74 години од ослободувањето. На седницата се обратија градоначалникот Герасим Конзулов и претседателот на Советот, Коле Чаракчиев.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 17:58