На 71 најталентиран ученик и спортист од десетте основни училишта во Општина Карпош, денеска им беа доделени решенија за исплата на стипендии, со што локалната самоуправа ги поддржува основците во учебната 2018/2019 година.

По тој повод, денеска во ООУ „Вера Циривири Трена" градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, придружуван од претседателот на Советот Андреј Манолев, им честиташе на добитниците на општински стипендии кои постигнале најдобар успех и резултати на општинските, градските, републичките и меѓународни натпревари во различни области.

– Карпош има навистина многу таленти, и ние, како општина, ги поддржуваме целосно и конкретно. Поточно од општинската каса се издвоени 1,5 милиони денари за стипендии, од кои 51 стипендија за вонредно успешни ученици и 20 стипендии за талентирани спортисти и спортистки од училиштата во Карпош. Таквата поддршка нека биде само поттик плус за нашите талентирани ученици и спортисти да продолжат и натаму да се развиваат во тој правец, нагласи Богоев.

Итакна дека учениците и спортистите треба да знаат дека општината, не само со стипендии, туку на секаков можен начин ќе ги поттикнува да одат напред.

Имено, локалната самоуправа поддржа 20 ученици со врвни спортски резултати со околу 500 илјади денари, при што се финасираат 16 талентирани спортисти од прва категорија кои ќе добиваат по 3.000 денари месечно, а четири спортисти ќе добиваат по 2.000 денари во период од осум месеци.

Освен нив, доделени се и 51 стипендија за талентирани ученици според постигнатите резултатите и успехот што го имале во школските натпревари на знаење, од кои 20 ученици од осмо и 9-то одделение се стипендисти од прва категорија, односно ќе добијат стипендии од по 2.500 денари и 31 ученик ќе користи стипендија од по 2.000 денари месечно, како стипендисти од втора категорија или од Буџетот на општината за нив ќе се одвојат околу 996.000 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 18:46