Европската комисија соопшти дека обезбедила уште 90 милиони евра хуманитарна помош за Јемен. Вкупната финансиска помош на ЕУ за оваа година, за Јемен изнесува 118 милиони евра.

Со доделените средства ќе бидат обезбедени: храна, вода, здравствени услуги и засолниште за околу осум милиони луѓе. Од почетокот на судирите во 2015 година, ЕУ на Јемен му обезбеди преку 320 милиони евра хуманитарна помош.

Денес, повеќе од 22 милиони луѓе во Јемен (околу 75 проценти од населението) имаат потреба од итна помош, а 3,5 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. Од недостиг на храна страдаат 18 милиони, а 8,4 милиони луѓе се изложени на ризик од глад. Европската комисија забележува дека 1,2 милиони жители на Јемен се погодени од епидемијата на колера.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 22:59