Европската унија нема да го заклучи излезниот договор со Велика Британија и да му даде на Лондон транзициски период по Брегзит без договор, кој спречува „тврда“ граница со Ирска, изјави денеска главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние.

Тој истакна дека ќе бара да се постигне договор целосен 100 процентен нацрт договор за Брегзит со Лондон.

-Се уште не сме на 100 проценти, изјави Барние.

-Тоа што недостасува е решение за прашањето за Ирска, вели тој.

Барние наведе дека без оперативен заштитен механизам нема да има договор и транзициски период.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 22:59