Шефот на Монако, Дмитриј Риболовљев, беше уапсен денеска, објави „Ле Монд“.
Домот на рускиот милијардер бил претресен од полицијата, објави медиумот.
Риболовљев е осомничен за корупција, а наредбата за притвор на милјардерот била издадена од судија од Монако.
Риболовљев беше вмешан во аферата со швајцарски трговец на слики, а тогаш беа пресретнати повеќе СМС-и меѓу него и неговото опкружување од една страна и влијателни полициски службеници во Кнежевството.
Тогашниот министер за правда во Монако, Филип Нармино поднесе оставка поради скандалот