Амазон го одбра градот Кристал Сити како место каде ќе биде второто американско седиште на компанијата, објави „Вашингтон пост“.

Кристал Сити и Вашингтон, округ Колумбија, ги дели реката Потомак.

Откако во потесниот избор на ритејл гигантот беа уште неколку локации во регионот на Северна Вирџинија (дел од поширокото предградие на американската престолнина) и други градови низ САД, компанијата најверојатно ќе го избере Кристал сити како свое второ седиште со можност за отварање на 50,000 работни места, потврди весникот.

Ова е добра вест за агенциите за недвижности и за подигање на цените на и онака скапиот пазар на недвижности во американската престолнина и неговата околина.

Основачот и прв човек на Амазон, Џеф Безос, минатата недела не потврди каде ќе биде новото седиште на компанијата.

-Конечната одлука ќе биде донесена со внимателно разгледување и изучување на насобраната информација. Според мене, само отакако ќе се насоберат доволно многу податоци кои потоа длоабоко ќе се простудираат, може да се донесс срдечна одлука за новото седиште, изјави Безос на технолошки настан во Њујорк.

Безос е соптвеник на весникот „Вашингтон пост“.

Оригиналното седиште на компанијата се наоѓа во Сиетл, сојузна држава Вашингтон



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 23:31