Во Гевгелија денеска ќе биде пуштен во употреба нов водоснабдителен систем, со кој треба да се подобри водоснабдувањето за 17.0000 жители.

Системот опфаќа ново извориште со три нови бунари и хлорна станица, лоцирано во близина на Вардар, потисен цевковод со должина од 1.366 метри, нов резервоар со капацитет од 1 000 кубни метри, како и доводен цевковод со вкупна должина од 2.187 метри.

Изградбата на системот чини 1,7 милиони евра, обезбедени преку проекти поддржани од ИПА фондовите, Светска банка и грант од Министерството за транспорт и врски.

На пуштањето на водоводот е најавено обраќање на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2018 09:21