Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Буфон по натпреварот од четвртата рунда од групната фаза од Лигата на шампионите против Наполи (1:1) рече дека е задоволен од резултатот.

– Играњето со Наполи на нивниот стадион е секогаш тешко. Успеав да ги победам само двапати за време на мојата кариера во Италија. ПСЖ покажа добри вештини, но домаќините одиграа добро во второто полувреме. За мене беше важно да ја почувствувам мојата важност за тимот. Спорот со судиите? Ако се расправам со судијата, постои добра причина за тоа, истакна Буфон.

Наполи заедно со Ливерпул се на првите две места во Ц-групата со по шест бода, Ливерпул има пет, Црвена звезда четири.

До крајот на групната фаза во Лигата на шампионите остануваат уште две рунди.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2018 11:10