Министрите за надворешни работи на Русија и на Шпанија, Сергеј Лавров и Жосеп Борел, соопштија дека се согласиле да формираат заедничка група за кибер-безбедност, за да спречат злонамерно ширење дезинформации што им штетат на билатералните односи.

Борел рече дека го поздравил предлогот на Лавров за заеднички напори „со цел да се процени големината на проблемот и негово анализирање, за да се спречи тој да се претвори во извор на несогласувања“.

Лавров рече дека вчера во Мадрид разговарал со Борел за тоа како „некои руски медиуми ги преминале границите на нивната професионална дејност и создале неприфатливо мешање во прашања на други земји“. Лавров, сепак, истакна дека нема докази оти во сето тоа е вклучена руската Влада.

Некои шпански функционери тврдат дека кампањата за дезинформирање, управувана главно од страна на Русија, е делумно одговорна за нестабилноста во шпанската автономна област Каталонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2018 11:15