Американскиот државен секретар Мајк Помпео и севернокорејски владини претставници требаше да се сретнат во Њујорк во текот на неделата, но состанокот е одложен и не е познато кога ќе се одржи, соопшти Стејт департментот.
– Состанокот ќе се одржи кога распоредите на дотичните страни тоа ќе го дозволат, Дијалогот е постојано во тек, изјави портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт.
Таа нагласи дека САД „остануваат фокусирани на исполнување на обврските договорени помеѓу претседателот (Доналд) Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на одржаниот Самит во Сингапур во јуни“.