Документарниот филм за Арета Френклин снимен пред 46 години ќе ја има својата премиера дури годинава, поточно в понеделник на 12 ноември, на Фестивалот за документарци во Њујорк.
Автор на филмот „Amazing Grace“ од 1972 година е Сидни Полак, но снимениот материјал со децении чекаше на својата монтажа. На продукцијата и претходеше и лавиринт од правни компликации, но сепак, филмот е завршен.
Кралицата на соул-музиката почина во август годинава, на 76-годишна возраст.