Со цел да са обезбеди поголема безбедност во сообраќајот и движењето на пешаците преку улиците Општина Велес веќе една недела ја ангажира фирмата „Виа Сигнал“ од Скопје која интензивно работи на обележување на велешките улици.

Како што појасни за МИА Горан Коцевски сообраќаен инженер од Одделот за комунални дејности на Општина Велес,обележувањето се одвива исклучиво во ноќните часови, после 21 часот, а со цел да нема попречување на сообраќајот.

-Воедно за непречено одвивање на сообраќајот имаме и соработка со сообраќајната полиција при СВР Велес.

По обележувањето на пешачките премини ќе се обележува и осовинската линија,најави Горан Коцевски.

Воедно информира дека дел од главните улици и новиот мост на Вардар „Гемиџии“, како регионални патишта, обележувањето за нив ќе оди преку ЈП за државни патишта.

Коцевски информира дека во интерес за поголема безбедност на возачите неодамна е обележан триаголникот кај Гимназијата односно кај „Панини“ а ќе следи обележување и на друг триаголник на фрекфентнта сообраќајница под ЕВН Велес, во новиот дел на Велес и на други фрекфентни сообраќајници низ градот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2018 13:18