Данската полиција денеска соопшти дека уапсила тројца членови на иранска опозициска група, затоа што ги пофалиле оние кои стојат зад терористичкиот напад во Иран на 22 септември во кој загинаа најмалку 25 лица.

Портпаролот на полицијата Бјоерке Киеркегард изјави дека со тоа се крши данскиот закон и дека би можеле да бидат осудени на парични казни, но и со до две години затвор.

Киеркегард наведе дека сите тројца се припадници на Арапското воено движење за ослободување на Ахваз (АСМЛА), кое Техеран го обвинува за нападот во иранскиот град Ахваз.

АСМЛА го осуди насилството и соопшти дека не учествувало во нападот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2018 13:23