Речиси 10 милиони луѓе со право на глас денеска гласаат за нов претседател на Мадагаскар.

На изборите учествуваат 36 кандидати, кои ветуваат унапредување на економијата и создавање на нови работни места.

Победникот мора да освои повеќе од 50 проценти од гласовите, а со оглед на бројот на кандидатите најверојатно ќе има и втор круг, што би се одржал на 19 декември.

Прелиминарните резултати од се очекуваат на 14 ноември, а конечните на 28 ноември.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2018 13:43