Кина денеска објави дека односите меѓу двете најголеми светски економии се толку важни што интересите на двете страни да продолжат со соработка ќе преовладеат без оглед на изборниот исход.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи Хуа Чунјуинг одби директно да го коментира изборниот исход, но изјави дека „без оглед на изборните резултати Пекинг верува дека двете влади и двата народи ќе сакаат да го одржат здравиот развој на билатералните односи кои се во најдобар интерес на меѓународната заедница“.
Таа рече и дека Кина се надева дека ќе има средба меѓу Трумп и кинескиот претседател Си Џинпинг овој месец на самитот на Г-20 во Аргентина.