Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, преку Твитер ја поздрави победата на Демократската партија во Претставничкиот дом.
– Инспириран сум од гласачите во САД кои избраа надеж наместо страв, учтивност наместо суровост, инклузивност наместо расизам, еднаквост наместо дискриминација. Ги одбранија своите вредности. И ние ќе го сториме тоа, напиша Тимерманс.
Реакцијата на потпретседателот е невообичаена за ЕК, која никогаш не ги коментира политичките избори во демократските земји и е неутрална.
На редовната прес конференција Тимерманс беше запрашан дали тоа е негов став или е официјален став на ЕК.
– Со нетрпение чекаме тесно да соработуваме со Конгресот и другите новоибзрани претставници. ЕУ и САД се клучни сојузници и стратешки партнери. ЕУ е посветена на блиско трансатлантско партнерство за просперитетот и безбедноста на нашите граѓани и граѓаните ширум светот, ова е нашата реакција за изборите, изјави Маргаритис Шинас.
Потпретседателот Тимерманс неодамна најави дека планира да се кандидира за наредните европски избори од редовите на европските социјалдемократи.