Грешка би било да се очекува промена во политиката на американскиот претседател Доналд Трамп после изборите на половина мандат во САД, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас.

„САД остануваат нашиот најважен партнер надвор од Европа. Имаме потреба да ги преоцениме и коригираме односите со САД, за да ги сочуваме”, напиша Маас на Твитер.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2018 16:19