По изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан дека би било почесно да прекинат преговорите за членство меѓу ЕУ и Турција, Европската комисија порача дека официјален став на оваа тема може да даде само претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер.
Како што јави дописничката на МИА од Брисел, засега општиот консензус во Европската комисија е дека преговорите со Турција треба да продолжат, изјави портпаролот на ЕК, Маргаритис Шинас.Тој сепак истакна дека Турција треба да почитува одредени услови.
– Претседателите Јункер и Туск на самитот во Варна истакнаа дека се потребни длабоки реформи, ослободување на затворениците и добрососедски односи, ова се витални работи за да се задржи позицијата на колеџот е дека треба да се задржат отворени каналите на комуникација и да се одржи курсот на овој процес, рече портпаролот.