Кремљ се надева дека севернокорејскиот претседател Ким Џонг-ун следната година ќе ја посети Русија.
Тоа го изјави Јуриј Ушаков, советникот за надворешни работи на рускиот претседател Владимир Путин. -Се надевам дека таа посета ќе биде можна следната година, вели Ушаков.
Изјавата на Ушаков е во спротивност со претходните објави на Кремљ дека посетата на Ким на Русија се очекуваа оваа есен.