Претседателот Доналд Трамп синоќа некаде пред полноќ објави на Твитер победа на републиканците на конгресните избори во САД.
– Огромен успех вечерва. Ви благодарам!, напиша тој.
Меѓутоа, половина час претходно беше официјално објавено дека демократите ја добиле трката во Претставничкиот дом, со стекнување мнозинство во Конгресот. Како резултат на овие избори, републиканците успееја да ја сочуват контролата врз американскиот Сенат. Тие го сочуваа мнозинството во Сенатот и на Трамп сега не му се заканува импичмент, но соочен со демократско мнозинство во Конгресот ќе има тешкотии во донесување на законите.
Конечниот резултат се очекува да биде објавен до крајот на денешниот ден, но во моментов се знае дека Демократската партија ги доби изборите во Претставничкиот дом со добиени 220 членови од вкупно 435 а републканците 193. Гласовите не се изборјани за уште 22 членови. Во Сенатот, мнозинството е кај републиканците – од вкупно 100 членови тие веќе имаат добиео 51 а демократите 45.
Според весникот „Њујорк Тајмс“, резултатите од овие избори уште еднаш го покажаа расколот во американската политика.
Демократите го добија Претставничкиот дом со помош на урбаната популација и образуваното население критички настроено кон Трамп. Од друга страна, Сенатот го добија републиканците со победи во за нив клучните сојузни држави од Западот, Тексас, Невада и Аризона, од средниот Запад, Мисури, Индијана и Тенеси, и од Југот, Флорида и Мисисипи.
Според официјалото соопштение до медиумите од Белата куќа, во вторник наутро претседателот на САД, кој во последните шест денови настапи на 11 митинзи во разни сојузни држави, на денот на гласањето го искористи своето право на таканаречено „егзекјутив тајм“ (исполнително време).
Во изминатите две години тој термин се употребува кога претседателот ги откажува сите работни средби и престојува во станбениот дел на Белата куќа. Подоцна се дозна дека во резиденцијата на претседателот синоќа биле поканети поранешните соработници на изборниот штаб на Доналд Трамп, Кори Левандовски и Дејвид Боси, како и Бред Парскејл, шефот на предизборната кампања за претседтаелската трка во 2020 година. Покрај нив во Белата куќа дојдоа и најблиските пријатели и спонзори на претседаелот. Тоа се магнатот за недвижности, Ричард Лефрак, раководителот на инвестициска компанија, милијардерот Карл Ајкан, нафтениот магнат Харолд Хем, сопственикот на неколку казина, Шелдон Аделсон и Стивен Шварцман, раководител на компанијата „Блекстоун“.
Според „Политико“, претседателоти гостите го следеле броењето на гласовите во живо пренесувано од една од американските телевизии. Според некои американски медиуми во текот на гласањето службите во Белата куќа го вклучиле каналот „Си-ен-ен“, каде во живо се пренесуваа изборите, и истовремено комуницирале со штабовите на републиканците, дознавајќи каков бил одзивот во разни сојузни држави.
На конгресните избори, (кои се оддржуваат на средина од мандатот на американскиот претседател оттука и наречени „среднорочни“), во време на првиот претседалски мандат, партијата на власт обично трпи пораз, и администрацијата на Трамп беше подготвена за тоа.
-Ние не гледаме причина дека ќе претрпиме таков понижувачки пораз како оној на Барак Обама во 2010 година, кога демократите изгубија 63 места во Претставничкиот дом, изјави Мајкл Стил, поранешен член на националниот комитет на Републиканската партија.
-Според нашите прогнози, демократите ќе освојат незначително мнозинство во Конгресот, и тоа не може да се смета за „дебакл на Трамп“, додаде тој.
Овие избори не само што станаа најскапите избори досега оддржани во САД – пресметано е дека вкупната сума потрошена за кампања од двете партии е 5.2 милијарди долари. Гласањето во вторникот уште еднаш го покажа длабокиот јаз помеѓу различни групи на избирачи.
Според анкета на „Волстрит Журнал“ спроведена пред изборите и весникот на денот на изборите објави свое истражување, од вкупниот број гласови за републиканците, 49 отсто избирачи биле мажи, но само 38 осто биле жени. Американците на возраст од 18 до 64 години најмногу гласале за демократите, додека оние постари од 64 години својот глас го дале за репубиканците (49 отсто наспроти 48 отсто). Притоа, 52 отсто од белото население гласало за републиканците, додека за демократите гласале 87 отсто од сите црномурести жители со афро-американско потекло и 62 отсто од сите жители со потекло од Јужна и Средна Америка.
Понатаму, 65 отсто од градското население дало поддршка за демократите, додека 56 отсто од населението во руралните средини гласало за републиканците. Иста таква поделба има и според нивото на образование. Мнозинство од избирачите со високо образование ја дало својата поддршка за демократоте.
Со победата на демократите во Претставничкиот дом, Трамп и републиканците ризикуваат не само загуба на контролатата над сите полуги на законодоавната власт. Противниците на сегашниот станар во Белата куќа имаат намера да ги стават под прашање клучните политики на Трамп како даночната реформа, обидите да се сменат имиграциските закони, укинувањето на законот за универзално здравствено осигурување.
Демократите имаат намера да продолжат и обноват десетици истраги во однос на даночните декларации на претседателот на САД и членови на неговото семејство. Тие имаат намера да испрашаат нови сведоци за истрагата за можната вмешаност на Русија во кампањата за претседателските избори во 2016 година.
Некои претставници на Демократската партија изјавија дека не е исклучено и иницирање на процедура за импичмент на претседателот, иако таквиот обид не би успеал бидејќи републиканците го сочуваа мнозинството во Сенатот.