Шефот на ФИФА, Џани Инфантино упати сериозна закана кон европските гиганти, за кои „Фудбал Ликс“ откри дека размислуваат за создавањето на затворена Супер лига.

– Таква веројатност постои, навистина. Верувам сепак дека раководствата на водечките европски клубови ќе пројават разум и нема да се одделат од колективот, изјави Инфантино.

Неговата закана кон нив, во случај на создавање на таква Супер лига, е дека ќе ги отстрани од учество на Мундијалот сите фудбалери, кои играат во неа.

Како компензација, Инфантино повторно ја промовира идејата за нов формат на Светското клупско првенство во кое ќе учествуваат најсилните тимови од Конфедерациите и тоа не само шампионите.

Конечното разгледување на оваа идеја и нејзино евентуално усвојување ќе се одржи на Конгресот на ФИФА во Мајами во март 2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2018 22:20