Военовоздухопловство на САД изврши тестирање на интерконтинентална балистичка ракета „Минитмен 3“ (Minuteman 3).

Тестирањето е извршено од военовоздухопловната база Ванденберг, Калифорнија.

Армијата на САД соопшти дека ракетата била истрелана да се утврди прецизноста на системот и оти тестирањето „не е поврзано со никакви реални настани во светот“.

Армијата на САД ги тестира ракетите „Минитмен“ врз цели во Тихи Океан. Во јули над Пацификот беше уништена ракета поради утврдена аномалија при полетувањето.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2018 11:46