Најмалку шест лица, меѓу кои и полицаец, се повреденио во пукање во еден бар во Калифорнија.

Локалната полиција соопшти дека синоќа пред полноќ, маж почнал пука во барот „Бордерлајн бар едн грил“ во место на околу 60 километри западно од Лос Анџелес.

Напаѓачот прво испукал неколку куршуми, потоа фрлил димни бомби, па продолжил да пука.

„Лос Анџелес Тајмс“, повикувајќи се на локалната полиција, јави дека се испукани најмалку 30 куршуми.

Властите ги повикаа граѓаните да ја избегнуваат областа.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2018 11:46