Во Подрачното одделение во Кичево до вчера се потрошени 170 бесплатни вакцини против сезонски грип, наменети за лица над 65 години и со пониски пензии. Д-р Елизабета Крстева, директор на Центарот за јавно здравје во Битола, под чија надлежност е подрачното одделение во Кичево, изјави дека е поголем интересот за комерцијалните т.е. за вакцините кои се плаќаат. – Имаме планирано 800 вакцини бесплатни, кои им се даваат на лица постари од 65 години и лица со пониски примање, но со упат од матичен лекар. До вчера бесплатни вакцини се потрошени 170, додека за комерцијалните имаме поголем интерес и се потрошени 250 од 400, колку што имаме залихи во Кичево. Тие се наплатуваат по 650 денари за вакцина, изјави Крстева. Вакцинацијата против сезонски грип почна во понеделникот во целата држава. Годинава се обезбедени 41.000 дози нови четиривалентни вакцини. Од нив 28.000 се бесплатни и се наменети за лицата над 65 години со просечна и потпросечна пензија и за оние што немаат пензија. Министерството за здравство ги набави вакцините од француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“. Вакцинацијата против сезонски грип се препорачува за хронично болни и повозрасни лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2018 13:42