Јужнокорејскиот министер за надворешни работи Канг Кјунг-ва денеска изјави дека американски функционери го информирале Сеул дека Северна Кореја ги откажала разговорите за денуклеаризација меѓу американскиот државен секретар Мајк Помпео и високорангираниот севернокорејски функционер Ким Јонг-чол.

Јужнокорејскиот министер не ја изнесе причината за откажувањето на разговорите, освен дека му било кажано оти двете страни имаат многу обврски.

За време на средбата требаше да се разговара и за втора средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2018 15:20