Израелскиот уметник Итај Залаит на еден од големите плоштади во Тел Авив постави скулптура од министерката за култура Мири Регов, подбивајќи се со неа.
Тој ја прикажа министерката во бел фустан во природна големина, како гледа во огледало.
Поставување на статуата доаѓа во момент кога Регов се обидува да „протурка“ закон, барајќи лојалност во културата. Уметниците ја нападнаа за обид за цензура на уметничкото изразување.
Градското Собрание на Тел Авив соопшти дека го почитува протестот, но нареди скулптурата да се отстрани, бидејќи е поставена без дозвола.