Најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал се врати во националниот тим на Франција за натпреварите со Холандија и Уругвај овој месец.

Дваесет и две годишниот Марсијал не беше во составот на „петлите“ на Светското првенство во Русија во текот на летото, но силниот старт на сезоната и шесте гола во десетте натпревари како стартер за „црвените ѓаволи“ му обезбедија место меѓу избраниците на Дидие Дешамп.

Франција и гостува на Холандија во Ротердам на 16 ноември во последниот натпревар од групата 1 на Лига „А“ на Лигата на нациите, а четири дена подоцна го пречекува Уругвај на „Стад де Франс“ во контролна средба.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2018 16:25