Тренер на Реал, Сантијаго Солари беше задоволен од тимската игра на натпреварот од четвртата рунда од групната фаза на Лигата на шампионите со Викторија Плзен (5: 0). Тој истакна дека оваа победа не треба да доведе до опуштање на играчите.

– Тимот ја заврши својата работа. Влеговме во натпреварот многу сериозно и постигнавме многу голови. Се трудевме многу, а посебно сакам да истакнам дека атмосферата во клубот е на високо ниво, изјави Солари.

„Спасителот“ на Реал кој дојде на тренерското место како привремено решение по отказот на Хуан Лопетеги побара исто залагање и на следните средби.

– Кога ќе победите со резултат од 5:0 добивате аплаузи. Но тоа е само еден натпревар. Треба мирно да продолжиме со подготовките за следниот дуел и да не потпаднеме под некаква еуфорија, апелира Солари.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2018 16:45