Филипе Кутињо ќе биде надвор од теренот во рок од две до три недели поради повреда на мускулот, соопштија од Барселона.

Бразилецот беше подложен ова утро на темелни испитувања, кои пронајдоа „мало кинење“ на еден од мускулите на левата нога.

Играчот од средниот ред сигурно го пропушта натпреварот со Бетис за време на викендот и останува под знак прашалник за дербито со Атлетико Мадрид на 24-ти ноември.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2018 16:47