Селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Луис Енрике го прокоментира повикот на левиот бек на Барселона, Жорди Алба, за претстојните натпревари.

Стратегот истакна дека никогаш не бил заинтересиран за мислењето на другите при изборот на составот.

– Во овој свет, донесувањето одлуки е многу комплицирано нешто. Неприфатливо е селекторот на шпанската репрезентација да избере играчи врз основа на јавното мислење. Немам лични проблеми со играчите. Во овој случај, никој не го познава Алба подобро од нашиот штаб. На кого личам од фудбалерите? На Алба, само сум малку повисок, се пошегува Луис Енрике.

Шпанскиот национален тим ќе игра пријателски натпревар против Босна и Херцеговина (11 ноември), по што и гостува на Хрватска (15 ноември) во Лигата на нациите.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2018 18:02