Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, пред гостувањето кај Борусија Дортмунд во натпревар од 11. коло на Бундеслигата, изјави дека противникот е фаворит. Можна победа за „баварците“ ќе ја намали разликата на табелата до само еден бод.

– Баерн покажа добра игра во второто полувреме од натпреварот со АЕК, но првпат по долго време одиме во Дортмунд не како фаворити, туку како аутсајдери, изјави Ули Хенес.

Борусија по 10 кола во Бундеслигата е лидер со 24 поени. Баерн со 20 поени е трет.

Првпат по седум години, Дортмунд ќе биде пред тимот на Минхен пред првиот натпревар меѓу двата тима. Дербито е на програма в сабота од 18,30 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2018 18:07