Истрагата на специјалниот советник на САД, Роберт Малер, за наводното мешање на Русија во претседателските избори во 2016 година, ќе продолжи и покрај реорганизацијата во Министерството за правда, соопшти денеска портпаролката на Белата куќа Келијан Конвеј.

– Ова е континуум, истрагата на Малер ќе продолжи, изјави Конвеј за Фокс Њуз.

Таа призна дека вчерашното разрешување на јавниот обвинител Џеф Сешнс „се очекувало долго време“ и дека неговиот однос со претседателот Доналд Трамп бил „стресен“.

Таа истакна дека заменикот-јавен обвинител Роб Розенстајн, а за в.д. министер за правда и јавен обвинител е назначен Метју Витекер, досегашен шеф на Кабинетот на Сешнс

-Мислам дека е многу пофално и вредно да се нотира дека претседателот се залага за континуум, рече Конвеј.

Витакер, кога бил правен коментатор и пред да се приклучи во Белата куќа, длабоко ја омаловажувваше истрагата на Милер и ги советувал адвокатите на претседателот да не соработуваат. Тој своевремено советуваше дека за да се прекине истрагата не е потребна смена на Малер, туку само намалување на минимум на финансиските средства, по што неговата служба не би моќела да функционира.

Истрагата на Малер е насочена за откривање на наводно руско мешање на последните претседателски избори, но и за самата кампања на Трамп во врска со можни контакти со странски официјални лица.

Демократите бараат Витекер, како министер за правда, да се изземе од истрагата и се закануваат дека самите ќе почнат истрага откако го добија мнозинството во Конгресот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2018 18:51