Минатата сезона навивачите на Арсенал се прашуваа дали една од ѕвездите на тимот, Месут Озил ќе остане долго време. На крајот Германецот го продолжи договорот, неколку месеци пред неговото истекување и сега е поврзан со „топџиите“ до 30 јуни 2021 година. Но, тој не гледа проблем да остане и подолго.

Играчот од средниот ред неодамна наполни 30 години и откри дека тој се гледа како активен уште долго време. И нема ништо против да го помине ова време во клубот од Северен Лондон.

– Зошто да не ја завршам кариерата во Арсенал? Млад сум, едвај на 30 години. Во фудбалот се е можно, но јас сум среќен да играм за голем клуб како Арсенал. Едноставно уживам во престојот тука и навистина си се замислувам како ја завршувам мојата кариера овде. Можам да играм уште многу долго време. Мислам дека на 38 години е добро да прекинам со кариерата. Сигурно, ако се чувствувам добро, можам да сум на највисоко ниво до 35-36, изјави Озил за „Ивнинг Стандард“.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2018 19:18