Институтот за национална историја при УКИМ по повод јубилејот 70 години од основањето денеска во Скопје организира Меѓународен научен симпозиум насловен „Балканската историографија и современите предизвици“.

На свеченото отворање на симпозиумот ќе се одржи промоција на најновите изданија на Инстиутот за национална историја. Во текот на двата дена на одржувањето на научниот форум со свои трудови ќе учествуваат претставници од самиот Институт, од други униврезитети од земјава, како и научни работници од институти и универзитети од Албанија, Србија, Бугарија, Унгарија, Полска, Германија, Грција, САД и од Молдавија.

Предвидено е в сабота симпозиумот да заврши со пленарна сесија на учесниците.

По повод 70 години од основањето на Институтот за национална историја претходно, неделава, во МАНУ беше одржана свечена академија на која за значењето на оваа институција говореа премиерот Зоран Заев и директорот на Институтот Драги Ѓорѓиев.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2018 10:33