Во медија центарот во Владата на Република Македонија денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на ромскиот јазик.
На настанот, ќе присуствува и ќе се обрати претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како и министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, Аксел Ахмедовски и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, министерот за култура, Асаф Адеми, пратеникот во Собранието на Република Македонија, Самка Ибраимоски и пратеникот во Собранието на Република Хрватска, Вељко Кајтази.
По завршување на свечените обраќања, како што информира владината прес-служба, ќе биде отворена изложба на фотографии.