Во просториите на извидничкитот одред „Наум Наумовски – Борче“ од Крива Паланка денеска свечено беше пуштен во употреба Извиднички музеј, единствен од ваков тип во Република Македонија.

Во музејот се изложени фотографии, пехари, благодарници, дипломи, плакети, значки кои датираат од 1960 година па до денес, рече Игор Ангеловски, член на Извидничкитот одред Наум Наумовски – Борче.

-Овие експонати се од натпревари, од успешно завршени годишни активности и освоени први места на натпреварувања. Во моментов има 70 експонати, но се очекува да пристигнат уште триесетина кои ќе го збогатат музејот по нивната реставрација, рече Ангеловски.

Свеченото отворање на извидничкиот музеј го предводеше старешината на одредот Свето Милановски изведувајќи традиционална извидничка почест. Воедно, истакна дека во музејот ќе биде ангажиран кустос, а ќе биде отворен за сите заинтересирани граѓани.

Проектот за отворање на извидничкиот музеј финансиски е поддржан од Центар за современа уметност – Скопје, Општина Крива Паланка и фотостудио Јаце -Крива Паланка.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2018 14:33