Баерн Минхен не се плаши од тоа дека е аутсајдер во претстојното дерби со Борусија Дортмунд, изјави денеска тренерот на баварците, Нико Ковач.

Ако „жолто-црните“ го поразат германскиот шампион, тие ќе имаат седум поени предност на табелата пред нивниот голем противник.

– Јасно е дека Дортмунд е фаворит. Тие се лидери и имаат четири поени повеќе од нас. Ние сме тие кои треба да ги стигнеме. Седум поени разлика е навистина многу. Тие имаат малку слаби страни, треба да ги бараме со лупа. Нашето претставување не е како нивнотоа, но ќе се обидеме да ја играме нашата игра. Во овој дуел има огромен влог. Многу се зборува за овој натпревар и тоа ја прави тензијата доста голема, рече Ковач, кој може да биде отпуштен при евентуален пораз против Борусија.

Ветеранот Арјен Робен се уште има проблеми со повредата на коленото и не се знае дали ќе игра за Баерн утре од 18,30 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2018 16:55