Талибанците не се подготвени за директни разговори со авганистанската влада и наместо тоа, сакаат преговори со САД, јавија руски медиуми повикувајќи се на изјава на лидерот на талибанската делгација.

Делегација талибанци присуствуваше денеска на конференција за внатрешен авганистански дијалог во Русија за првпат. Владата во Кабул не испрати свој официјален претставник и двете страни немааа напредок.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2018 17:15