Најмалку 17 лица загинаа откако три автомобил-бомби експлодираа пред хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу.

Шефот на полицијата Мохамед Хусеин изјави дека, по се изгледа, експлозиите се дело на бомбаш-самоубиец, детонирани во близина на хотелот Сахафи, кој се наоѓа спроти Одделот за кривични истраги на националната полиција на Сомалија.

Според ДПА, по експлозиите се слушнале истрели од автоматско оружје.

– Досега потврдивме дека загинале 17 цивили, изјави полицискиот службеник Али Нур.

– Тие патувале во јавни возила на местото на настанот кога се случиле експлозиите и пукањето од огнено оружје. Бројот на жртвите сигурно ќе се зголеми, истакна Нур.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2018 17:24