Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамајанг е избран за играч на месецот во Премиер лигата. Тој ја доби наградата благодарение на головите во натпреварите против Фулам (два гола за 5:1), Лестер (два гола за 3:1) и Кристал Палас (еден гол за 2:2).
Во меѓувреме, менторот на Борнемут, Еди Хауи беше избран за најдобар менаџер во октомври. Минатиот месец неговиот тим забележа три победи против Кристал Палас (2:1), Ватфорд (4:0) и Фулам (3:0), како и реми против Саутемптон.
Наградата за најубавиот гол му припадна на играчот од средниот ред на Арсенал, Арон Ремзи, за неговата „бомба“ против Фулам.