Палестинци во Газа денеска во долги редици чекаа заостанати плати, за кои, како што тврди Хамас, се погрижил Катар, во новиот обид за ублажување на тензиите во и околу тоа палестинско подрачје.

Десетици Палестинци побрзаа во поштенските канцеларии, кои се отворени во петок и сабота, за да земат неколку стотици долари.

Во следните шест месечни рати од 15 милиони долари, Палестинците во Газа ќе добијат вкупно 90 милиони долари обезбедени од Катар, со цел да се исплатат првенствено претставниците на Хамас, исламистичкото движење, кое управува со таа енклава.

Имено, десетици илјади вработени со месеци примаат плати спорадично, што придонесе за дополнително зголемување на тензиите во енклавата на конфликти и на египетските и израелските блокади.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2018 19:13